Meta се впушта во сериозен експеримент што би можел фундаментално да го промени начинот на кој ги користиме нивните најпопуларни апликации.
Корисниците на Instagram, Facebook и WhatsApp наскоро ќе се соочат со нов избор: да останат на бесплатната верзија или да платат за пакет „супермоќ“. Meta почнува да тестира премиум претплати што ќе отклучат напредни алатки за корисниците, првенствено базирани на вештачка интелигенција и подлабока аналитика на профили.
Ова е сосема различно од сината значка Meta Verified. Додека претходната претплата се користеше за проверка на идентитетот, новите пакети се фокусирани на функционалноста.
Според достапните информации, корисниците на Instagram кои ќе одлучат да платат би можеле да добијат прецизен увид во тоа кој ве отпратил (познатото „unfollow“ што досега бараше сомнителни апликации од трети страни); Режим инкогнито – можност за анонимно гледање Stories без „оставање трага“; Интеграција со Manus AI агентот и алатката Vibes, што овозможува генерирање и сложено уредување на видео материјал со помош на вештачка интелигенција.
Иако WhatsApp отсекогаш се сметал за „чиста“ апликација без реклами, Meta планира и тука да понуди премиум функции. Се очекува дека овие ќе бидат фокусирани на напредна заштита на приватноста и асистенти со вештачка интелигенција кои ќе помогнат во организирањето на разговорите и пребарувањето содржина.
Причината е јасна – Meta сака дел од колачот што платформи како Snapchat (Snapchat+) веќе го жнеат. Со огромни инвестиции во инфраструктурата за вештачка интелигенција, Марк Цукерберг бара начин директно да ги монетизира корисниците, наместо да се потпира исклучиво на огласувачите кои се под зголемен притисок од регулаторните тела.
Основното користење на Instagram, Facebook и WhatsApp ќе остане бесплатно. Meta засега не планира да ги „заклучи“ постојните основни функции, туку да им понуди „додадена вредност“ на оние кои се подготвени да платат за тоа.
Тестирањето ќе започне на одбрани пазари, а цената на пакетот сè уште не е официјално потврдена.
