Конечно имаме временска рамка во која можеме да го очекуваме следниот Nothing Phone.

Компанијата Nothing веќе ги лансираше моделите Phone (3a) и Phone (3a) Pro оваа година, а ако се прашувавте каде е Phone (3) – не грижете се, доаѓа.

Карл Пеи, основач и извршен директор на Nothing, потврди кога можеме да го очекуваме телефонот. Тој на платформата X истакна дека Nothing Phone (3) ќе биде лансиран помеѓу јули и септември, во текот на тој квартал од оваа година.

Nothing го прескокна објавувањето на својот водечки телефон минатата година, со оглед на тоа дека Nothing Phone (2) кој беше претставен во јули 2023 година. Интересно е што Nothing Phone (1) исто така беше објавен во јули 2022 година.

Затоа, не би било чудно ако Phone (3) биде лансиран и во јули оваа година. Сè уште нема информации за спецификациите за Nothing Phone (3).