Потврдено е дека долгоочекуваната Redmi Note 9 серија паметни телефони ќе биде официјализирана на 12. март. Исто така, неколку тизери од официјалните Twitter профили и од официјалните лица на Xiaomi сугерираат објава на линијата.

Од официјалните тизери може да се види дека Redmi Note 9 серијата ќе има систем со четири камери на задната страна, сместени во четвртест модул. Покрај тоа, се очекува премиум дизајн, поддршка за гејминг искуство и подобрени функции на брзо полнење.

По посебен тизње, Ману Кумар Јаин – шеф на Xiaomi India одделението го прикажа телефон поставен да лежи на екранот, кој ја открива долната половина на уредот, Type-C порт, приклучок за слушалки и микрофон.