Познат аналитичар тврди дека за неколку години телефоните на Apple ќе можат да се полнат исклучиво безжично и нема да имаат слотови за поврзување со физичка порта.

Заѕвони и за Lightning конекторот на Apple. Apple со години го користи овој приклучок на iPhone, преку кој телефонот се поврзува со полначот, но од 2023 година тоа би требало да се промени – и тоа не доброволно, туку насилно. Благодарение на одлуката на Европската комисија, од јуни 2024 година, телефоните и бројните други гаџети што се продаваат во земјите на ЕУ ќе мора да ја имаат истата порта за полнење: USB-C.

Како што напиша Марк Гурман во последната колумна за Блумберг, иако Apple се спротивстави на одлуката, тие се подготвуваат за тоа веќе некое време. Некои од нивните гаџети веќе користат USB-C, а на ред се телефоните. Со iPhone 15, Lightning конекторот оди во историјата (освен ако Apple не го претстави на новата генерација на поевтиниот SE модел), но Apple не го ни смета USB-C како трајно, туку само привремено решение.

Тој приклучок можеме да го очекуваме на следните неколку iPhone генерации на iPhone и iPad (некои модели веќе имаат USB-C конекција), а потоа Apple треба да го претстави своето трајно решение. Тоа решение воопшто не треба да вклучува кабли, туку нивните мобилни уреди да се полнат само безжично.

Бројни модели на смартфони поддржуваат безжично полнење со години, но овие уреди сепак може да се полнат преку кабел, кој обично е побрз. Во случајот на идните iPhone-и, планот на Apple е целосно да ги елиминира физичките порти и да дозволи само безжично полнење, без алтернатива.

Дека такво нешто не е едноставно, можевме да видиме на примерот на нивниот безжичен полнач што го најавија пред неколку години, но на крајот се откажаа од тоа. Ако нивните планови се навистина такви како што тврди овој аналитичар, јасно е дека тие треба да воведат и свои безжични полначи.