Дали користите емотикони кога пишувате пораки?
Вкупно ни се достапни повеќе од 3.600 емотикони преку различни платформи, а експертите (да, има експерти и за тоа) откриваат кои од нив биле најмногу користени во текот на 2023 година.
Кит Брони е уредник на сајтот Емоџипедија, а за весникот Метро изјави дека „емотиконите не опаѓаат по популарност, туку секоја година се повеќе се користат“.
„Тие се неверојатно моќна алатка за комуникација што луѓето ја користат за подобро да се изразат“, рече Брони.