Инженерите од кинеската компанија Huawei успеаја да произведат домашен графички чип (GPU) наменет за развој на вештачка интелигенција, што може да биде значаен чекор за Кина во однос на нејзината независност од западната технологија.
Генералниот директор на iFlytek Лиу Кингфенг, кој е „партнер“ на Huawei во овој проект задолжен за софтверскиот сегмент, рече дека перформансите на неименуваниот чип се рамо до рамо со графичкиот процесор A100 на Nvidia, од кој само H100 е посилен, пренесува порталот Свет на компјутерите.
Под услов Лиу да биде во право, како што е наведено, ова ќе биде значаен чекор за Кина во однос на нејзината независност од западната технологија.
Тоа е особено важно за самиот Huawei, кој поради американските санкции е принуден да го купи A800 од Nvidia, скратена верзија на A100 со проток од 400 гигабајти во секунда, наместо 600.
Ваквата состојба, додаваат тие, го поттикнала и црниот пазар, каде A100 се двојно поскапи од нивната пропишана цена од 10.000 долари и без гаранција.
Ќе биде достапен и во кинеска и во англиска верзија, иако се очекува дека на почетокот нема да биде толку ефикасен во работењето, двете компании се надеваат дека тоа ќе се промени на подобро во текот на првата половина од следната година.