Новата фотографија покажа дека астероидот Диморфос, со кој намерно се судри леталото DART на американската вселенска агенција NASA, остави трага од фрагменти долга илјадници километри.
Телескоп лоциран во Чиле снимил неверојатна фотографија од патеката која се шири зад огромната вселенска карпа што минатата недела беше погодена од вселенското летало DART. Тоа беше тест во кој NASA сакаше да открие дали е можно да се смени траекторијата на астероидите кои евентуално би биле закана за Земјата.
Научниците моментално работат на утврдување дали тестот бил успешен или дали траекторијата на астероидот била променета.
Фотографијата е направена два дена по судирот, а астрономите во Чиле ја направиле со помош на телескопот SOAR.
Трагата што ја остави зад себе астероидот е долга повеќе од 10.000 километри и се очекува дополнително да се зголемува додека целосно не исчезне. Сепак, внимателно ќе се следи во наредните недели и месеци.
Мисијата DART беше вредна 325 милиони долари.