SpaceBok е првиот робот кој го развија научници од истражувачкиот универзитет ЕТХ Цирих и Институтот Макс Планк во Германија.

Роботот првично беше наменет за мисијата на Месечината, меѓутоа концептот се менува и се прилагодува на Марс каде што површината е поинаква, а гравитацијата е посилна. Целта е роботот да биде постабилен.

Овој робот би можел да ги истражува пештерите на Марс и карпестиот терен.