Microsoft ја објави најновата верзија на Windows 10 Insider Preview build, овозможувајќи увид во новото Start мени, кое е редизајнирано да изгледа почисто и пообединето.

Инсајдерите во Dev Channel сега ќе имаат пристап до освежено мени, кои има и делумна проѕирна позадина која функционира со светли и темни теми во Windows 10. Корисниците можат да ги применат своите акцентувани бои на редизајнираниот Safari фрејм и плочки (tiles), со одење во Start, taskbar and action center“ во рамките на Color во Settings секцијата.

Тестерите сега имаат пристап и до новата Microsoft Edge функција, која ги прикажува сите отворени табови во еден панел, со едноставно пртискање на Alt + TAB.

Microsoft, исто така, на сите Windows 10 корисници им овозможи графички режим за Calculator. Компанијата истакнува дека овој мод ќе им помогне на студентите да учат математика, така што ќе го подобри нивното концептуално разбирање и ставовите за математика.