Скелетот на тираносаурус (Tyrannosaurus Rex) ќе биде продаден на аукција на Christie’s во Хонг Конг.

Аукцијата е закажана за 30 ноември, а се очекува фосилите на диносаурусите да достигнат цена од 25 милиони долари.

Скелетот го носи името Шен, но новиот сопственик ќе има право да го смени името при купувањето. Долг е 12,2 метри, висок 4,6 и широк 2,1 кг, а тежи 1.400 кг.

Ова ќе биде првпат скелет од тираносаурус да биде продаден на аукција во Азија. Ќе биде изложен во салата Викторија во Сингапур пред да биде понудена на аукција во конгресниот и изложбен центар во Хонг Конг.

Шен е откриен во САД, поточно во Монтана, а се проценува дека живеел пред 68 милиони години.

Во јули оваа година беше продаден уште еден скелет од диносаурус стар 76 милиони години. Купувачот платил 6,1 милиони долари на аукција во Њујорк.