Во ТОП 10 влегоа бројни автомобили од соништата и само еден SUV модел.
Истражувањето го спроведе Confused.com, врз основа на вкупниот број на пребарувања во изминатите 12 месеци, а беше спроведено во јуни оваа година.
Без сомнение, ако го прашате Google, егзотичниот бренд кој предизвикува најголем интерес на Интернет е секако Lamborghini.
Сите три нивни модели влегоа во топ 10, и тоа Urus на 2 место со преку 20 милиони пребарувања, Aventador на 8 место со 11,56 милиони пребарувања и Lamborghini Huracan на 10 место со 8,4 милиони пребарувања.
1. Audi R8
2. Lamborghini Urus
3. BMW i8
4. Toyota Supra
5. Ford Mustang
6. Nissan GTR
7. Porsche 911
8. Lamborghini Aventador
9. Bugatti Chiron
10. Lamborghini Huracan
На самиот врв се уште е Audi R8, за кој интересот не стивнува со години. Подеднакво изненадувачки е BMW i8 на третото место, кој воедно е единствениот модел кој користи и електрична енергија.
Очекувано во горниот дом стигна и Bugatti Chiron, но не и Nevera на Rimac, која не недостига во медиумите. Не е ни во топ 20, но затоа Tesla Roadster е на 11-то место, автомобил кој се уште нема ни вистинска премиера, а камоли да започне со производство.