Internet Explorer конечно беше прекинат за речиси секоја потрошувачка верзија на Windows 11 од 15 јуни оваа година. Сепак, интернет прелистувачот на Мајкрософт се чини дека сè уште е достапен.
Иако Windows 11 не се испорачува со пакетот Internet Explorer, наследниот прелистувач сè уште може да работи во оперативниот систем. Ова го покажува придружното видео, кое го објави Том Ворен од сајтот „The Verge“.
you thought Internet Explorer was dead, didn't you? muahahaha ?
⎛⎝( ` ᢍ ´ )⎠⎞ pic.twitter.com/i5bXZwLRr3
— Tom Warren (@tomwarren) August 3, 2022
Ако сакате и ви е полесно да ги следите текстуалните инструкции за да го стартувате Internet Explorer 11 во Windows 11, следете ги овие чекори:
Пребарајте Internet Options во полето за пребарување на менито Start;
Отворете го Control Panel што се појавува во резултатите од пребарувањето;
Одете во Programs tab;
Кликнете на копчето Manage add-ons;
Кликнете на Learn more about toolbars and extensions во долниот лев агол на прозорецот;
После тоа, Internet Explorer треба да „оживее“.
Постапката треба да работи за сите верзии на Windows 11, вклучувајќи ги и верзиите на Insider Preview. Се верува дека ова е непланирана опција и дека Microsoft наскоро ќе работи на објавување на закрпа што ќе го спречи Internet Explorer да работи во Windows 11.