Засега нема информации за цената и достапноста на новата технологија во малопродажба, но изгледа доста импресивно.

За време на CES 2024, Samsung го претстави првиот проѕирен MicroLED дисплеј во светот.

Јужнокорејската компанија покажа три различни проѕирни MicroLED екрани, со малку поинаков дизајн.

Два демо модели имаат затемнети стакла, што го олеснува занемарувањето на предметите што го одвлекуваат вниманието зад панелот, додека третиот панел е проѕирен како обично стакло и има дизајн без рамка.

Кога се гледа во живо, според посетителите на штандот на Samsung, содржината на овие дисплеи изгледа речиси како холограм кој лебди во воздухот.

Сите примери кои беа демонстрирани имаат екран дебел само околу еден сантиметар, што дополнително дава илузија на лебдечки ектан, додека сликата на нив изгледа исклучително остра и јасна.

Според Samsung, бидејќи проѕирните MicroLED екрани имаат посилна светлина во споредба со проѕирните OLED панели, тие се помалку погодени од амбиенталната светлина.

Се очекува дека кога технологијата ase ќе биде пуштена во продажба, проѕирните MicroLED дисплеи ќе бидат многу скапи. Високите MicroLED телевизори на Samsung, кои немаат проѕирни екрани, моментално чинат околу 150.000 долари и ќе помине уште некое време додека новите дисплеи да станат достапни.