SpaceX ја лансираше истата ракета по само 21 ден од претходното лансирање, поставувајќи нов рекорд.
SpaceX ја искористи својата ракета Falcon 9 за лансирање на 53 нови сателити на Интернет мрежата Starlink, а тоа е истата ракета што беше користена 21 ден претходно. Така, компанијата на американскиот бизнисмен и визионер Илон Маск постави нов рекорд благодарение на најкраткиот период што помина помеѓу двете лансирања.
Тоа беше вкупно 151-та мисија Фалкон 9 и 43-та, која главно е посветена на развојот на соѕвездието микросателити кои ја сочинуваат Интернет мрежата Starlink. Задачата на оваа сателитска мрежа е да овозможи брз интернет ширум светот.
Првата фаза на ракетата со ознака B1062 се врати на Земјата по лансирањето и слета на дронот брод „Just Read the Instructions“ кој се наоѓаше во Атлантскиот Океан. Оваа ракета беше лансирана за прв пат во ноември 2020 година, а беше користена, меѓу другото, за Inspiration4, првата приватна вселенска мисија со екипаж во септември 2021 година и овогодинешната мисија Axiom Ax-1 со комерцијален екипаж. Поминаа само 21 ден од лансирањето на споменатата мисија до последното лансирање по ред и тоа е нов рекорд.
Лансирањето ракети со сателити и екипаж станаа рутина за SpaceX, вклучувајќи го и враќањето на ракетата Falcon 9 и нејзината повторна употреба.