Хеликоптерот Ingenuity на НАСА ги фотографираше од птичја перспектива остатоците од опремата што помогна да се спушти роверот Perseverance на Марс.

За време на летот на годишнината од пристигнувањето на Црвената планета на 19 април, хеликоптерот фотографирал падобран што бил активиран за време на слетувањето на роверот, што се нарекува „7 минути терор“ бидејќи се случува побрзо отколку што пристигнуваат радио сигналите на Земјата од Марс.

Ingenuity забележа и заштитна обвивка во форма на конус што ги штитела роверот и хеликоптерот на неговото патување од Земјата до Марс и за време на „огненото“ спуштање на површината на Црвената планета.

Инженерите кои работат на програмата Mars Sample Return, амбициозен процес со повеќе мисии чија цел е транспортирање на примероци на Земјата собрани од роверот Perseverance на Марс, побараа од Ingenuity да ја фотографира опремата за време на неговиот 26-ти лет.

Проучувањето на компонентите што овозможиле безбедно слетување може да им помогне да се подготват за идните мисии на Марс кои ќе бараат слетување, а потоа и полетување од планетата за прв пат во историјата.

НАСА ги прошири операциите на Ingenuity за спроведување на такви летови. Секој пат кога лета, хеликоптерот открива нови области и дава увид во она што ниту една претходна мисија не успеала да го постигне.

„Извидувачката мисија Mars Sample Return е совршен пример за корисноста на воздушните платформи на Марс“, рече Теди Цанетос, водач на тимот на Ingenuity во лабораторијата за млазен погон на НАСА во Пасадена, Калифорнија.

За време на влегувањето во атмосферата на Марс, спуштањето и слетувањето, леталото е изложено на екстремни температури и гравитација и се движи со брзина од речиси 20.000 km/h.

Остатоците од опремата досега ги гледавме само од перспектива на роверот, а фотографиите направени со хеликоптер се први во историјата од овој тип и се многу подетални.

Полето со остатоци е создадено откако опремата паднала на површината на Марс со брзина од 126 km/h. На фотографиите се гледа заштитна школка, како и падобран покриен со прашина.

За време на својот 26-ти лет, Ingenuity премина 360 метри. Во лет поминал вкупно 49 минути, а прелетал вкупно 6,3 километри.

Роверот и хеликоптерот беа спуштени во делтата на поранешна река што течела во кратерот Езеро пред неколку милиони години. Делтата е најдоброто место за барање знаци на живот доколку некогаш постоел на Марс.

Хеликоптерот сега се користи за извидување на теренот по кој ќе се движи роверот, како и за откривање потенцијални локации за истражување.