Кога уредите ќе се означат како гејминг, тоа може да доведе и до нешто повисока цена во однос на стандардните модели. Logitech сега, за оние на кои им се потребни гејминг слушалки, а не сакаат да платат премиум цена, ги нуди G335 гејминг слушалките, по цена од 70 долари.

По оваа цена не би требало да се очекуваат најновите функции или карактеристики, но Logitech G335 ќе го овозможи и она што се очекува од гејминг слушалките. Тука е копчето за контрола на звукот, вградено во една од корпите за слушалки, микрофон кој може да се ротира и поддршка за поудобна рамка.

Logitech G335 се слушалки кои за конекција користат 3,5 мм кабел, што значи дека ќе биат компатибилни со уредите што го имаат овој порт. LG со слушалките нуди и PC сплитер, за да помогне во користењето со компјутери кои можеби имаат одвоени влезови за звук и миктофон.