Популарната игра Rainbow Six оваа година пристигнува на мобилни телефони и таблетите, а фановите можат да се пријават за тестирање.
Ubisoft официјално го потврди доаѓањето на Rainbow Six Mobile, добро позната игра кој ќе биде достапна за уредите со Android и iOS подоцна оваа година. Играта ја развива студиото на Ubisoft Монтреал и ќе биде бесплатна за играње. Исто така, беше ветено дека ќе понуди „вистинско искуство на Rainbow Six“ иако е мобилна верзија.
Гејмерите може да очекуваат натпревари пет на пет со своите тимови и ќе се менуваат во напад и одбрана. Како што е случајот со „Siege“, ќе биде неопходно да се користат специфични оружја, гаџети и вештини за да се постигне победа.
Ubisoft Motnreal вели дека ја приспособил играта за да ги направи натпреварите пократки, но играчите сè уште можат да се радуваат на класичните мапи на Rainbow Six Siege, вклучувајќи ги Bank и Border. Истото важи и за модовите како Secure Area и Bomb.
Гејмерите веќе можат да се пријават за да учествуваат во серија претстојни тестови што Ubisoft планира да ги спроведе пред играта да стане достапна за секого подоцна оваа година.