Twitter имплеметираше уште едно подобрување во својата платформа. Корисниците на iOS сега можат да додаваат гласовни пораки во своите твитови, кои ќе ги дополнуваат кратките текстуални пораки.

Кога креираат нов твит, сопствениците на Apple уреди ќе имаат на располагање копче за додавање гласовни пораки (ќе биде сместен покрај копчето кое овозможува додавање фотографии од камера апликацијата или галерија).

Гласовните пораки можат да бидат долги до 140 секунди (две минути и 20 секунди), а можат да се пуштаат во доделениот аудио плеер. Видео и GIF фајловите веќе беа достапни во Twitter плеерот, така што гласовната поддршка беше следниот логичен чекор.

Засега нема информации за тоа кога истата функција ќе ја добијат и Android корисниците, но сигурно дека тоа ќе се случи во некоја блиска иднина.