Социјалната мрежа Instagram ја воведе опцијата за означување производи, која засега им е достапна само на корисниците во САД.
Новата опција им овозможува на корисниците да означуваат производи од различни брендови во нивните објави. Претходно оваа можност ја имаа само креаторските и деловните профили, а сега сите корисници на Instagram ќе ја добијат во следните четири месеци.
Во текот на изминатите неколку години, Instagram постепено се сврте кон продажба на производи преку апликации, а новитетот што доаѓа ќе им помогне на корисниците полесно да ги идентификуваат производите на фотографии или клипови, како и на Stories.
Во плановите на Instagram е во овој микс нешто подоцна да го додаде и Reels.
За да означите производ, прво треба да го означите брендот на кој му припаѓа. Откако ќе ја креирате објавата и ќе ги направите потребните прилагодувања, брендот ќе биде означен со опцијата „Tag people“, а потоа ќе се појави опцијата „Tag products“. Потоа треба само да го допрете производот на фотографијата/клипот и да го изберете неговото име од листата. Останатите корисници ќе добијат опција за купување преку линкот или директно преку апликацијата.
Деловните профили ќе можат да ги видат своите означени производи и да изберат дали сакаат овие тагови да се појавуваат во „означениот таб“, а ќе имаат и опција да го оневозможат означувањето.
Поврзани артикли