Оние што планираат да ги надградат своите десктоп системи можеби ќе сакаат да почекаат до следната година. Intel потврди дека процесорот од 11. генерација на компанијата Rocket Lake ќе пристигне во текот на првиот квартал на 2021. година.

Покрај тоа, новите процесори конечно ќе одговараат на третата генерација на AMD чипови Ryzen, со имплементација на PCIe 4.0. поддршката.

Потврдата од Intel доаѓа еден ден откако сајтот Videocards објави неколку битни гласини за Rocket Lake процесорите. Се сугерира дека процесорите ќе бидат објавени во март, дека ќе имаат Cypress Cove основна архитектура и максимум осум јадра.