Американскиот технолошки гигант Intel објави дека ќе изгради голем комплекс за производство на чипови во Германија во вресдност од 88 милијарди долари во следните десет години.
Првата фаза предвидува инвестиции од 33 милијарди евра, вклучително и 17 милијарди евра за фабрики во Германија, кои треба да одговорат на зголемената побарувачка за чипови за компјутери, автомобили, паметни телефони и други уреди и долгорочно да ја намали зависноста на Европа од азиските добавувачи.
Во септември минатата година, извршниот директор на Intel, Пат Гелсинџер, најави 88 милијарди долари инвестиции во Европа во следните десет години, одговарајќи на пораките од европските лидери дека планираат да го зголемат капацитетот за производство на чипови и да ја намалат зависноста од надворешните извори.
Новата фабрика треба да биде лоцирана во Магдебург, Германија, која ќе отвори 7.000 работни места во градежништвото, 3.000 постојани работни места за сопствени потреби и уште десетици илјади работни места со добавувачи и партнери, се вели во извештајот.
Дополнителни 12 милијарди евра ќе бидат инвестирани во фабрики во Ирска, со што вкупната инвестиција на Intel во ЕУ ќе достигне повеќе од 30 милијарди евра. Тие, исто така, преговараат со Италија за потенцијална инвестиција до 4,5 милијарди евра во инженерски центар за поддршка на производството на чипови, што планираат да го отворат меѓу 2025 и 2027 година.
Во Франција, Intel планира да го изгради својот нов европски истражувачки центар, кој ќе отвори илјада нови високотехнолошки работни места.
Извор: Zimo.hr