Руските технолошки експерти се подготвуваат да основаат апликација за споделување на фотографии за домашниот пазар откако во Русија бил изгасен Instagram.

Новата апликација со име Росграм ќе започне сo работа на 28. март и ќе има дополнителни функции како платен пристап за одредени содржини.

Руската државна регулаторна агенција Роскомнадзор на почетокот на минатата недела го блокирала пристапот до Instagram откако матичната куќа на таа социјална мрежа Meta објавила дека ќе им дозволи на корисниците во Украина да поставуваат пораки како “Смрт за рускиот окупатор”.

Meta која е сопственик и на Facebook, соопшти дека привремената промена во политиката за говор на омраза важи само за Украина по започнувањето на специјалната воена операција на руската војска.

Русија, која забранила и работа на Facebook, поднела кривична пријава против Meta, а обвинителството од судот побарало американскиот технолошки гигант да се прогласи за екстремистичка организација.