LG ги претстави 2020. верзии на своите Gram лаптопи, а новата линија вклучува модели од 17, 15 и 14 инчи, како и 2-во-1 конвертибилен модел. Како претходните верзии, лаптопите се креирани да бидат лесни и преносни, со долг работен век на батеријата, а LG ветува и подобри перформанси и ефикасност преку новите компоненти.

Новите лаптопи ја имплементираат 10. генерација на Intel Core процесори со Iris Plus графика и до 24GB двоканален DDR4 RAM. LG истакнува дека ја дуплирал силата на графичкиот процесор на новите лаптопи, за да осигура игрите и апликациите да се стартуваат без проблеми.

Надградените уреди го поддржуваат и Wi-Fi 6 стандардот од следната генерација, кој ветува поголеми брзини и помала потрошувачка во однос на претходникот. За да обезбеди 17-инчните и 15-инчните Gram лаптопи да можат да ги поддржат своите надградени компоненти, LG ги опреми со 80Wh батерии (што е напредок во однос на 72Wh од претходните модели).

LG Gram од 17 инчи има Wide Quad Extended Graphics Array (WQXGA) IPS дисплеј, со 16:10 однос на страници, додека останатите модели имаат Full HD екрани и 16:9 однос на страници. Кога е во прашање 2-во-1 конвертибилниот модел, овој уред пристигнува со Thunderbolt 3 порт и може да трае над 20 часа со едно полнење на батеријата.

LG не го објави датумот на почеток на продажбата на новата линија Gram лаптопи, но уредите ќе ги прикаже во текот на CES 2020 саемот, од 7. до 10. јануари.