Mozilla го објави Firefox 90, кој донесува подобрувања на Firefox за Windows, софтверот WebRender и SmartBlock управување со Facebook тракерите. Оние кои имаат Windows го добиваат и новото Firefox мени кое помага во идентификување на проблемите со компатибилноста предизвикани од независните апликации, што може да помогне во зголемувањето на сигурноста на Firefox на системот.
SmartBlock 2.0 е карактеристика којка ќе влијае на поголем дел од корисниците, а го подобрува приватното прегледување на содржините. Во ова ажурирање, Facebook скриптите се блокирани за да не ве следат на мрежата, но ако одлучите да се пријавите преку Facebook на било која веб локација, скриптите се вчитуваат точно на време со цел искуството на прегледување на биде пофлуидно.
Windows корисниците, исто така, ќе добијат некои убави функции во ова ажурирање. Од сега Firefox не мора да биде покренат за да се преземат новите ажурирања за браузерот, туку тоа може да се извршува во позадина додека Firefox е затворен.
Од Firefox 67 верзијата, Mozilla овозможува WebRender за се повеќе Firefox инсталации. Со Firefox 90, корисниците без хардверски акцелерираните Веб рендери ќе бидеат префрлени на софтверскиот WebRender, кој има подобрени перформанси во ова ажурирање.
Firefox би требало автоматски да се ажурира на Windows и macOS системите, а рачното ажурирање се извршување во одење во Menu > About Firefox > Help. Корисниците на Linux ќе мораат да почекаат нивниот “package manager” да се ажурира, пред да им биде достапно ажурирањето за Firefox 90.
Поврзани артикли