Новиот извештај на Bloomberg сугерира дека Apple планира да го зголеми производството на iPhone модели од претстојната линија за 2021 година.

Засновано на деталите што доаѓаат од партнерите во синџирот на снабдување на компанијата, Apple планира да има 20 проценти повеќе готови iPhone уреди во споредба со минатата година. Apple сака да пушти во продажба 90 милиони телефони во текот на иницијалниот период.

И покрај глобалниот недостиг на чипови, синџирот на снабдување на Apple е во голема мерка безбеден, а партнерите како што е TSMC веќе ги испланираa своите нарачки однапред. Најавата за претстојната iPhone линија се очекува во текот на септември.

Кога станува збор за спецификациите, iPhone (веројатно Pro моделите) ќе имаат LTPO (low-temperature polycrystalline oxide) екран, a ќе нудат повисоки стапки на освежување и подобар работен век на батеријата. Се очекуваат и редизајнирани засеци за предните камери, кои ќе бидат помали.

На полето на камерите, Apple ќе понуди подобрување во областа на видео снимањето, со оптички зум. Чипсетот кој ќе го наследи минатогодишниот А14, би требало да има архитектура со шест јадра.