Форумот за управување со интернет Македонија ИГФ МКД е дел од вертикалната структура на глобалниот ИГФ кој е под покровителство на ООН

Во амфитеатарот на МНР, на 28. ноември се одржа Првиот Годишен Форум за управување со интернет ИГФ МКД.

ИГФ МКД / IGF MKD (Internet Governance Forum Macedonia) – Форум за управување со интернет Македонија ИГФ МКД е дел од вертикалната структура на глобалниот ИГФ кој е под покровителство на ООН http://www.intgovforum.org/multilingual

Откако ги исполни пропишаните услови, Форумот е прифатен и признат како национална иницијатива и вметнат на веб-страницата на ИГФ ООН. http://www.intgovforum.org/multilingual/content/eastern-european-regional-group.

Според правилата на ИГФ МКД, националните ИГФ иницијативи се обврзани да организираат т.н. годишен, а кај нас прв национален ИГФ. Според моделот на глобалниот ИГФ при ООН, државата, односно во нашиот конкретен случај МНР или МИОА ја препознаа и поддржаа иницијативата како „рамноправен” стејкхолдер, на тој начин, правејќи ја остварлива идејата на ИГФ да се делува на извршната, па и законодавната власт со укажувања и препораки за проблематиката – управување со интернет – Internet Governance.

IGF MKD / ИГФ МКД – „Форум за управување со интернетот Македонија“ е отворен, инклузивен и неформален простор за дијалог за прашањата на управувањето со интернетот „Internet Governance“, помеѓу сите засегнати чинители во македонското општество , владата, пратениците, приватниот сектор, граѓанското општество, техничката заедница, образованието , медиумите, крајните корисници итн.

Целта на форумот е подигнување на свеста и промовирање подобро разбирање на „управувањето со интернетот“, изградба или зајакнување на капацитетот на овие чинители активно да учествуваат во националните процеси за интернет – управување, олеснување на дискусијата, размената на мислења и со работката за прашањата поврзани со интернетот , што се од особен интерес на национално ниво, овозможување на сите заинтересирани чинители да учествуваат како еднакви, односно рамноправни и да се придонесе во создавањето и одржувањето на блис ки врски со регионалните SEEDIG (http://www.seedig.net) и пан – европски EuroDIG (https://www.eurodig.org) процеси и процесите на глобалната интернет – заедница за прашањата н а управување со интернетот – Internet Governance Forum при UN (http://www.intgovforum.org/multilingual).

Форумот за управување со интернетот Македонија – ИГФ МКД е во насока на решавање на прашањата како што се слободниот пристап, инфраструктурата, квалитетот на услугите, локалните содржини и локалните апликации, кибер безбедноста, политиките и регулаторната средина, балансираната родова застапеност преку доведување на различните засегнати чинители на една платформа за широка дискусија за предизвиците со кои се соочуваат и преку дискусиите да предлагаат решенија. ИГФ МКД исто така се стреми да се идентификуваат локалните проблеми и да се предложат решенија преку обезбедување можн ост за јакнење на капацитетите н а младите луѓе и за нив, да се идентификуваат нови проектни идеи во соработка со локални и со меѓународни експерти и споделување знаења и искуства и да се помогне во создавање на широка платформа за расправа за прашањат а на управувањето со интернетот во Македонија.

Повеќе можете да дознаете на веб-страницата на ИГФ МКД. Координатор на проектот е Александар Ичоќаев.