Марк Гурман од Bloomberg сугерира дека оваа очекува редизајн за iPad mini. Тој го нарекува најголем редизајн во деветгодишната историја на уредот.
Минатиот месец видовме iPad mini рендери, кои покажуваат тенки рамки околу екранот, недостаток на TouchID Home копче заоблени рамки, а извештајот на Гурман сега тоа го потврдува.
Потенките рамки ќе му овозможат на Apple да имплементира поголем дисплеј (8,5 до 9 инчи) во однос на сегашните 7,9 инчи. Ќе постојат иу други измени, како што е замената на Lighting портот со USB-C приклучок, додека TouchID ќе биде вграден во Power копчето.
Покрај тоа, Гурман тврди дека Apple работи на тоа да го замени актуелниот 27-инчен iMac, кој користи Intel Core процесори со модел што ќе користи Apple чипсет.
Поврзани артикли