Исчистете го вашиот албум на iPhone со отстранување на дупликат фотографии во само три лесни чекори.

Со отстранување на дупликат фотографии на iPhone, ќе ослободите голема количина на простор на него, а самата галерија повеќе нема да биде преполна со непотребна содржина.

Важно е да знаете дека iPhone ги идентификува и класифицира дуплираните слики како две фотографии кои се точни копии, но имаат различни метаподатоци, или како две фотографии кои се главно идентични, но имаат различна резолуција или формати на датотеки.

Како да отстраните дупликат фотографии на iPhone:

  • Во делот Photos, допрете Albums;
  • Одете во опцијата Utilities и кликнете на Duplicates;
  • На дупликат фотографија, допрете Merge.

Ако поради некоја причина сакате да вратите дупликат фотографија, само проверете ја мапата на неодамна избришаните, што ја носи Tom’s Guide.