Компанијата Google воведува нова опција во својата Google Phone апликација, која овозможува најавување на лицето кое ве повикува кога ќе заѕвони смартфонот.

Оваа опција е веќе достапна за некои корисници, а можно е да изберат дали сакаат најавување, односно идентификација на лицето кое ги повикува секој пат кога ќе заѕвони телефонот, само кога носат слушалки, или никогаш.

iOS на Apple ја има оваа можност веќе некое време, но се чини дека верзијата на Google за Phone апликацијата работи на сличен начин. На многумина опцијата за идентификација на оној кој ги повикува ќе им биде корисна, бидејќи тоа ќе го дознаат без потреба да го прегледаат телефонот. Исто така, ќе им користи и на слабовидните лица полесно да востановат кој ги повикува.