Apple планира да лансира редизајнирани MacBook модел со сопствени чипови во втората половина на 2021. година, предвидува познатиот аналитичар Минг-Чи Куо во најновиот аналитички извештај. Компанијата од Купертино ја почна транзицијата од процесорите на Intel на својот M1 чип со објавувањето на нови MacBook Air, MacBook Pro и Mac mini уреди на почетокот на овој месец. Меѓутоа, Apple не внесе никакви промени во дизајнот на новите лаптоп модели. Па сепак, на MacBook Air е воведен дизајн без вентилатор, кој пружа тивко, но и помоќно искуство.

Куо предвидува дека новите MacBook модели што ќе пристигнат следната година ќе имаат нов дизајн. Тоа ќе биде главната разлика од неодамна лансираните MacBook Air и MacBook Pro, засновани на M1 чипот, кои ја задржаа старата естетика.

Иако Куо не прецизираше кои нови модели ќе бидат дел од транзицијата што ќе се случи следаната година, претходно сугерираше дека во план е нов 14-инчен MacBook Pro, како и редизајн на сегашниот 16-инчен MacBook Pro.

Покрај новите MacBook модели, Куо претходно напомена дека Apple би можел да лансира и нови Mac десктоп модели. Тоа можат да бидат 24-инчниот iMac, како и помала верзија на Mac Pro.

Куо, исто така, објави дека побарувачката за новиот iPad Air „била подобро од очекуваното“ и дека трендот на раст ќе продолжи и со усвојување на новите технологии, вклучувајќи mini-LED екрани и поддршка за 5G во новите iPad Pro модели планирани за следната година. Аналитичарот напомена и дека новиот iPad од 9. генерација по ниска цена би можел да пристигне во втората половина на 2021. година.