Samsung и LG започнаа со производство на премиум 120Hz дисплеи за iPhone 13 серијата смартфони на Apple.
Според наводите, iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max ќе ги користат 120Hz LTPO панели на Samsung, додека стандардниот iPhone 13 ќе користи LG дисплеи со освежување од 60Hz.
Преминот кон LTPO технологијата ќе му овозможи на Apple да заштеди на потрошувачката на енергија на новите модели на iPhone, бидејќи ќе може индивидуално да ги осветлува пикселите на дисплејот, наспроти осветлувањето на целиот екран.
Apple ја користи LTPO технологијата во Apple Watch Series 5 и Series 6 паметните часовници, а слична always-on функција ќе имаат и iPhone 13 телефоните.