Samsung за неколку месеци ќе го претстави Galaxy Z Flip5, а сега се појавија интересни информации за телефонот.

Рос Јанг објави информација на Твитер дека Galaxy Z Flip5 ќе има значително поголем надворешен екран во споредба со Z Flip4.

Големината на екранот се очекува да биде околу 3,3 или 3,4 инчи, што е навистина многу поголемо од сегашните 1,9 инчи на моделот Flip4.

Наводно, и внатрешниот дисплеј ќе добие надградба, а тој е поврзан со наборот.

Flip5 ќе има нов дизајн на шарки, кој ќе ја намали видливоста на наборите каде што се свиткува екранот.