Се уште има луѓе кои не се убедени дека носењето заштитна маска штити од вирусот, па научниците одличија низ едноставен експеримент да им илустрираат колку маската е навистика ефикасна.

Д-р Рич Дејвс на својот Твитер профил ги покажал резултатите од двата експерименти кои што добро покажуваат како маската ги блокира респираторните капки од нашата уста и грлото кога киваме, пееме, зборуваме, кашламе.

Првата фотографија и првиот тест прикажуваат колку заштитната маска ја намалува можноста да се заразиме.

Вториот тест прикажува колку држењето дистанца од 2 метри е важно за сите нас.

„Свесен сум дека овој пример за прикажување на ширењето на вирусот и колонијата на нормалните бактерии од мојата уста и грло покажува како се шират респираторните капки, како оние за кои што се верува дека воглавно го шират Ковид-19 и како маската ги блокира истите“ – напоменал Рич Дејвис, чиј експеримент предизвикал големо внимание токму поради тоа што на едноставен начин укажува на важноста на носењето заштитна маска.