Гејмерите ширум светот неодамна открија интересен начин за користење на контролерот DualSense.
Дали знаевте дека на PlayStation 5 можете да ги исклучите сите звуци со држење на копчето за намалување на звукот на контролерот DualSense?
За разлика од намалувањето на звукот од тековниот извор, со држење на копчето за секунда ќе се исклучат сите системски звуци, од моментално отворениот софтвер до звуците во менито.
Контролерот ќе го потврди внесот на командата со вклучување и исклучување на портокаловото светло. Овој трик ги исклучува сите извори на звук, без разлика кои периферни уреди ги користите.
Од порталот The Verge нагласуваат дека успеале да „замолчат“ сè, од слушалки поврзани со кабел од 3,5 мм до блутут периферни уреди. Функцијата не работи на PC компјутерите.
Извор: B92.net