• „OpenLabs“: Stellantis управува со глобална истражувачка мрежа со универзитетите
• Стратешко партнерство: TU Darmstadt е првата OpenLab во Германија
• Пет главни области на развој: системи за комуникација и помош, адаптивни предни светла, задни светла, внатрешно осветлување, извори на светлина
• Цел: Научни сознанија за употреба во идните генерации на автомобилско осветлување

Opel и Техничкиот универзитет во Darmstadt (TU Darmstadt) започнаа заедничко истражување на новите технологии за осветлување. Соработката е дел од глобалната истражувачка мрежа на Stellantis заедно со реномирани универзитети.

Моментално, 15 таканаречени „OpenLabs“ стекнуваат научни сознанија за употребата на технолошките системи кај идните генерации на возила. Стратешкото партнерство со TU Darmstadt, првата Stellantis OpenLab во Германија, ќе овозможи нова ера на технологии за осветлување. Покрај тоа, Stellantis финансира тројца докторанти на катедрата за електротехника и информатичка технологија на универзитетот, првично во следните четири години.

„Напредните адаптивни светлосни системи се многу повеќе отколку само да го осветлуваат патот според услови кои се на патот“, изјави извршниот директор на Opel, Uwe Hochgeschurtz.

„Тие се поврзани со бројни системи за помош при возење и го прават возењето побезбедно и поудобно. Заедно со TU Darmstadt сакаме да развиеме целосно нови системи за осветлување и да ги донесеме на пазарот. Задоволни сме што работиме со експертите за наука и истражување од TU Darmstadt“.

Предниот дел кај Opel Manta GSe ElektroMOD Pixel-визирот веќе покажува како безбедноста во патниот сообраќај може да се зголеми преку иновативни системи за осветлување. „Имаме холистички поглед на темата за светлината. Светлината има голема важност во многу области кај автомобилот, што оди многу подалеку од предните светла“, објасни Philipp Röckl, главен инженер за иновации за надворешно осветлување. Затоа, истражувањето во OpenLab во TU Darmstadt се фокусира на понатамошниот развој на системите за комуникација и помош на возачот, адаптивни системи на предните светла, задните светла, внатрешното осветлување и изворите на светлина воопшто.

Финансираното истражување ќе вклучи интелигентен, самоприспособлив систем на предни и задни светла што оптимално се прилагодува на околината и ситуацијата во сообраќајот, како и на други фактори кои влијаат. Првичните тестови со прототип се веќе планирани за крајот на годината. „Сакаме да направиме револуција во автомобилското осветлување со оваа технологија и да го придружуваме развојот низ сите фази, од истражување до прототипови и тестирање до готовиот производ“, изјави професорот Tran Quoc Khanh, раководител на одделот за адаптивни системи за осветлување и визуелна обработка во TU Darmstadt.

Соработката ја забрзува безбедноста на патиштата

За двата партнера, новата отворена лабораторија значи победничка ситуација на патот кон идните генерации на светлина: Stellantis може да ја искористи стручноста на кадарот на реномираниот TU Darmstadt за да ги пренесе наодите од истражувањето во системите на возилата, а докторантите на TU може да ги користат автомобилската техничката инфраструктура на компанијата за да ги тестира нивните случувања на терен.

Ние работиме со експерти од областа на професорот Кhanh долги години. Оваа соработка на полето на технологијата за осветлување ќе се интензивира и зајакнува долгорочно од OpenLab“, додава Philipp Röckl. Тековниот истражувачки проект првично е планиран за четири години. Сепак, целта е да се воспостави стратешка соработка за следните десет години и понатаму.

„Ако сè оди според планираното, првите возила со технологиите за осветлување развиени со Stellantis ќе бидат видени на патиштата до 2028 година“, рече професорот Khanh. „Тие ќе имаат една од најинтелигентните технологии за осветлување во светот“.

Intelli-Lux LED® Pixel светла веќе во денешните Opel Insignia, Grandland и Astra

Да се направат иновативните технологии за осветлување достапни за широк спектар на купувачи е традиција на Opel, што новата Astra моментално го демонстрира.

Во 2015 година, претходната генерација („Европски автомобил на годината 2016“) ја донесе револуционерната Intelli-Lux LED® Matrix светлина во компактната класа. Сега започна следната фаза на развој: Intelli-Lux LED® Pixel светлата познати кај знаменосците на Opel, Insignia и новиот SUV Grandland, ја слави својата премиера кај Astra. Со вкупно 168 LED елементи – 84 по предно светло – најновиот модел во компактна класа обезбедува прецизна и беспрекорна шема на светлина во секое време, прилагодена на ситуацијата и без заслепување на другите учесници во сообраќајот.

LED диодите се интегрирани во ултра тенки фарови. Главното предно светло „се спушта“ во рок од милисекунда, со цел да не ги заслепи возилата што доаѓаат од спротивната страна. Останатите области продолжуваат да бидат осветлени со целосно долго светло, за оптимална видливост и безбедност во секое време.