Фејсбук работи на паметен часовник, кој ќе го карактеризираат функции со фокус на здравјето и пораките, според информациите на сајтот The ​​Information.

Паметниот часовник на Facebook ќе користи Google Android софтвер со отворен код, но компанијата развива и сопствен оперативен систем што би можел да се појави на втората генерација на носечки  уреди на компанијата, а овие часовници се очекуваат во текот на 2023. година

Паметниот часовник се очекува да има тесна интеграција со апликациите на Facebook, како што се Messenger, WhatsApp и Instagram. Исто така, ќе поддржува мобилна конекција, овозможувајќи брзо да комуницирате со пораките без да мора да се потпирате на вашиот телефон.

Извештајот сугерира дека Facebook ќе овозможи уредот што се носи да се поврзе со хардверот и услугите на здравствените и фитнес-компании.

Паметниот часовник на Facebook нема да се појави пред 2022 година, а изворот тврди дека се очекува цена која ќе биде блиску до трошоците потребни за производство на уредот, но не ја споменува конкретната цена.