Популарниот Јутјубер Dream со години го крие својот изглед зад маска во вид на насмеано лице, а сега конечно им откри на своите обожаватели како навистина изгледа.

Dream е познат по играњето на глобално популарната игра Minecraft, го следат повеќе од 30 милиони луѓе, а досега само неговиот глас се слушаше за време на стримовите и повремено се појавуваше пред камера со маска.

Сепак, тој сега одлучи да го открие својот изглед и тоа го направи со објавување видеа и фотографии на социјалните мрежи.

„Здраво, јас се викам Клеј, познат сум и како Dream“, вели Јутјуберот меѓу другото во петминутното видео кое собра повеќе од 12 милиони прегледи.

Инаку, Minecraft е најпродаваната игра во светот, а најпопуларните клипови на Dream имаат милиони прегледи. Еден забележал дури 115 милиони прегледи.