„Надоместокот за лиценца се заснова на продажната цена на телефонот и е ограничен на 2,5 долари по уред“, соопшти Huawei.
Huawei поседува најмногу патенти за 5G технологија во светот, но се наоѓа под притисок поради трговската војна меѓу САД и Кина, што му го отежнува пристапот до странска технологија.
Компанијата затоа ги засили истражувањето и развојот и на крајот на 2020 година имаше повеќе од 100.000 регистрирани активни патенти во над 40.000 категории во земјите низ целиот свет. Во 2019 година инвестираше 20,3 милијарди долари во истражување и развој.
„Со објавувањето на моделот за лиценцирање, Huawei сака да им ја покаже на компаниите структурата на трошоците на транспарентен начин“, изјави адвокатот на компанијата Сон Лиупин.
Huawei во 2020 година поднесе 5.464 апликации за регистрација на меѓународни патенти, речиси двојно повеќе од најголемиот конкурент, јужнокорејската компанија Samsung.
Поврзани артикли