Sony ќе претстави два нови модела на Walkman – NW-WM1AM2 и NW-WM1ZM2.

Sony често го враќа во живот својот „вокмен“, па и во 2022 година тие се продаваат добро, веројатно благодарение на носталгијата.

Двата нови модела се скапи и секако поентата е слушање музика, па Sony се потруди да го добие најдобриот можен звук на безжичните слушалки.

Целата поента на новите модели е тоа што тие се обложени со Gold-plated Oxygen-Free Copper (OFC), а Sony наведува дека не само што изгледа добро, туку и златната рамка подобро го изолира звукот и секој инструмент звучи различно отколку на други уреди. Исто така велат дека ќе се чувствувате како да слушате сè како да се свири во живо пред вас, а не на слушалки.

Првиот модел, кој е ист како вториот, се разликува само по тоа што наместо златна има алуминиумска рамка, па ќе ве чини „само“ 1.200 евра. Вториот модел, златниот, чини 2.800 евра.

Поевтиниот модел има простор за складирање од 128 гигабајти, додека златниот има простор од 256 гигабајти. И двата имаат приклучок за microSD.

Моделите имаат WiFi, Bluetooth и работат на Android 11 оперативен систем, а екранот на допир е од пет инчи.