Xiaomi Mi MIX 4 премиум телефонот се очекува во текот на втората половина на годината. Најновиот извештај од сајтот My Drivers ги открива капацитетот на батеријата и можноста за брзо полнење на споменатиот телефон.

Во извештајот се тврди дека Mi MIX 4 ќе има батерија со капацитет од 5000mAh. Можно е дека се работи за исттаа батерија со две ќелии од 2430mAh, која минатиот месец беше забележана на 3C листата за сертификација. Покрај поддршката за брзо полнење од 120W, се очекува Mi MIX 4 да има и поддршка за безжично полнење од 80W.

Покрај гореспоменатите карактеристики на батеријата, Mi MIX 4 се очекува да понуди исклучително корисничко искуство на екранот без рамки, како постарите Mi MIX телефони. Покрај тоа, се очекува најновата верзија на камера под екранот.

Ова би можел да биде еден од првите премиум телефони кои пристигнуваат со преинсталираниот MIUI 13 кориснички интефејс, а се очекува дека ќе го покренува Snapdragon 888 чипсет.