Новиот извештај објавен од The Elec, ги потврдува претходните информации од декември, кои сугерираа дека Vivo, Oppo, Xiaomi и Google ќе објават флексибилни смартфони. Во новиот извештај не се споменува Vivo, но се истакнува дека Samsung развива флексибилни дисплеи на преклоп за Oppo, Xiaomi и Google.
Кога станува збор за Oppo, дисплејот што е во развој се отвара од врвот кон дното, што значи дека телефонот ќе има преклопен формат. Надворешниот екран ќе биде со големина помеѓу 1,5 и 2 инчи, што сугерира дека дисплејот ќе биде долг кога ќе се отвори.
Според извештајот, Xiaomi се префрла од екран што се свиткуваше кон надвор, на превиткување навнатре. За новиот дисплеј од 8,02 инчи, Xiaomi се здружи со Samsung и CSOT. Флексибилниот уред на Xiaomi наводно ќе има 6,38 -инчен надворешен дисплеј.
На крајот, нема многу информации за флексибилниот модел на Google, а во извештајот се споменува дека Samsung развива OLRD екран за Google. Овој дисплеј би можел да има големина од околу 7,6 инчи.
Samsung во моментно е водечка компанија кога станува збор за телефоните со флексибилни екрани, а годинава од јужнокорејскиот производител се очекуваат три нови модели од овој сегмент на пазарот.