Компанијата HMD Global го претстави Nokia 8.3 5G телефонот, кој е позициониран како „убиец“ на премиум смартфони. Уредот го карактеризираат одличен голем дисплеј, систем со четиир камери и ZEISS сертификација и 5G поддршка.

Nokia 8.3 5G поддржува повеќе 5G мрежи и од најскапите флегшип модели, што телефонот ќе го направи компатибилен со постоечките и претстојни 5G мрежи ширум светот.

Телефонот има 6,81-инчен PureDisplay во Full HD+ резолуција. Во прашање е HDR панел со Adaptive дисплеј, кој го прилагодува контрастот во зависност од тоа колку светло има околу корисникот. Во рамката на дисплејот се наоѓа punch-hole отвор, каде што е сместена 24MP предна камера со ZEISS оптика.

На задната страна има четири камери, исто така со ZEISS брендирање, а во прашање се 64MP главна, 12MP ултраширока со фокус на видео снимање и перформанси во услови на послабо осветлување. Тука се уште и сензорот за длабочина и макро камерата.

Nokia 8.3 5G ја покренува Snapdragon 765G чипсет (има интегриран 5G модем), во комбинација со 6GB или 8GB RAM. Телефонот користи Android 10 оперативен систем и е дел од Android One програмата. За складирање на податоци достапни се 64GB или 128GB простор + microSD слот. Уредот го напојува 4500mAh батерија со полнење до 18W.

Nokia 8.3 5G ќе биде достапен во Polar Night боја, а во продажба ќе се најдат од летото по почетна цена од 599 долари.