Apple неодамна ја претстави нова iPhone 12 серија, а корисниците веќе се жалат дека има одредени проблеми со нивните уреди.
Имено, на социјалната мрежа Twitter кружат видеа и фотографии од корисници кои тврдат дека екраните на моделите iPhone 12 „позеленуваат“, што го попречува нормалното функционирање, пренесува GizChina.
Според DxOMark, веб-портал кој се занимава со „независно тестирање на телефони, леќи и камери“, има голем проблем со серијата iPhone 12 кога станува збор за обработка на жолтата боја, односно се случува да се појават разни варијации на жолто, без разлика под какво осветлување и агол го гледате дисплејот.
Just got iPhone 12. Look. Green screen just after setting it up. pic.twitter.com/kAkeqXNH8J
— Aldwin (@2aldwin) October 24, 2020
Јужнокорејскиот медиум Asian Economy известува дека од Apple им било кажано дека „имаат неколку пријавени случаи, кои во моментов се под истрага“.
iPhone 12 Users Complains Of Screen Issues, Display Turns Green – https://t.co/5hdwgKAdBo pic.twitter.com/JBd9gBm1It
— TellForceBlog.com (@tellforceblog) November 16, 2020
Покрај овој проблем, некои корисници пријавија проблеми со iPhone 12 Mini. Наводно, екранот не реагира кога ќе се обидете да го отклучите телефонот или да ја вклучите батериската ламба (torch).
Извор: B92.net