Компанијата Samsung наскоро ќе го пласира на пазарот првиот паметен телефон со камера од 64 мегапиксели.

На почетокот на мај се појавија информации за новата камера на Samsung од 64 MP, која го надминува моментниот „шампион”, сензорот на Sony, IMX 586 од 48 MP. По овие информации, се наметнуваше заклучокот дека оваа моќна камера ќе ја дпбие претстојниот Galaxy Note 10, но тоа наводно нема да биде случај.

Наместо Note 10, рекордната камера ќе ја добие претстојниот Galaxy A70S. Samsung го претстави Galaxy A70 претходно оваа година за индискиот пазар, по цена од 416 долари. Може да се претпостави дека A70S е само помала надградба во однос на споменатиот модел.

A70 поседува три задни камери, а релативно е сигурно дека главната камера на моделот A70S ќе биде сензор од 64 MP. Меѓутоа, за преостанатите две камери нема информации.

Samsung во рамките на реконструирањето на својата стратегија најави воведување на врвни спецификации во својата средна линија смартфони. Колку ќе чини A70S и на кои пазари ќе биде достапен, засега не е познато.