Huawei ги објави плановите за продажба на Honor, неговиот бизнис со паметни телефони фокусиран на производи од средна класа за помлади потрошувачи. Од Huawei велат дека одлуката Honor ја донел за да го обезбеди сопствениот опстанок, следејќи го „огромниот притисок“ и „трајната недостапност на техничките елементи потребни за бизнисот со мобилни телефони“.

Honor производите честопати се потпираат на сопствената технологија на Huawei, така што компанијата е подеднакво погодена од санкциите на САД, што го спречуваат Huawei да има бизнис активности со американски компании. На пример, линијата телефони V30 го користи истиот Kirin 990 процесор што ги покренува Huawei P40 флегшип уредите. Под новата сопственост, Honor би требало да има поголема флексибилност за развој на своите производи, потенцијално и можности да се носи со сличните брендови.

Huawei истакнува дека „нема да има никакви акции, ниту ќе биде вклучен во било какви бизнис активности или активности на донесување на одлуки во новата компанија Honor“. Оваа компанија ќе биде во сопственост на новоформираната компанија Shenzhen Zhikin New Information Technology Co., конзорциум на партнери и претпријатија поддржани од владата.

Условите на договорот не се обелоденети. Reuters претходно овој месец извести дека предложената продажба на Honor би можела да достигне 15,2 милијарди долари.