Нова недела, нови информации за идната генерација на iPhone. Бидејќи на интернет не недостасуваат гласини за престојните модели на iPhone, а и се ближи можниот тремин на нивно официјално претставување, јасно е дека од неофицијалните извори веројатно ќе дознаеме се за iPhone 12 пред Тим Кук јавно да го прикаже. Кога веќе споменуваме датуми, поголем дел од упатените сметаат дека Apple ќе го организира онлајн претставувањето на четирите нови верзии на iPhone во втората или третата недела од октомври.
iPhone 12 серијата ќе пристигне со четири модели – со дијагонали на екранот од 5,4, два со 6,1 и 6,7 инчи. Последните модели, оние со 6,1 и 6,7 инчи ќе бидат сместени во категоријата Pro и ќе се нарекуваат iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max. Од друга страна, стандардниот iPhone 12, исто така, би требало да има екран со дијагонала од 6,1 инчи, но Apple оваа година ќе објави и целосно нов, најмал модел, со големина на дисплејот од „само“ 5,4 инчи.
Токму овој модел е предмет на интересирање на многу корисници, кои се уште не се „помириле“ со трендот на раст на уредите, и сакаат во џеб да носат телефон со големина отприлика на iPhone 6 до 8 или најновиот модел SE (2020). Најмалиот модел, би требало да има куќиште дури и помало од споменатите модели, со екран од раб до раб, па аналитичарите уште сега предвидуваат дека истиот ќе биде продажен хит – посебно ако се земе во предвид можната цена од „само“ 649 долари. Она што дополнително би можело да ги привлече купувачите е и фактот дека најмалиот iPhone би можел да има и нешто потесен засек (notch) во екранот, што е уште една непроверена информација која деновите протече во јавност.
12mini
12
12 Pro
12 Pro Max— 有没有搞措 (@L0vetodream) September 21, 2020
И за крај – најновиот leak на анонимниот твитераш „L0vetodream“, кој веќе имаше неколку точни предвидувања – вели дека најмалиот iPhone ќе се нарекува iPhone 12 mini.
iPhone така прв пат би добил „mini“ верзија, a останатите модели би се нарекувале слично како и досега – iPhone 12, iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max.
Сите модели би требало да имаат OLED екрани со фреквенција на освежување од 60Hz и поддршка за 5G мрежи, а во кутијата веројатно повеќе нема да пристигнуваат полнач и слушалки, туку само кабелот за полнење.