Се очекува дека Samsung ќе го објави Galaxy Tab S6 следниот месец (7. aвгуст) заедно со Galaxy Note10 серијата телефони. Неодамна се појавија фотографии во живо за таблетот, а сега имаме рендери, кои делуваат како официјални, а ни даваат подобар увид во изгледот на таблетот.

Galaxy Tab S6 изгледа како Tab S5e, но видливи се некои измени. Tab S6 има систем со две камери на задната страна во горниот лев агол (наспроти една камера на S5e моделот). Овој систем би требало да го сочинуваат главниот 13MP и широкоаголниот 5MP сензор.

Под камерите е слот за редизајнираниот S Pen, кој може да се полни додека е прикачен на таблетот. Тоа исто така значи дека паметното пенкалце ќе има Bluetooth поддршка.

Tab S6 пристигнува со AKG звучници – по две од горната и долната страна. Присутен е и USB-C порт на дното, но нема приклучок за слушалки. Таблетот пристигнува во три бои – сина, сива и розева. Ќе има додаток за тастатура, кој се продава засебно.

Се очекува дека Galaxy Tab S6 ќе има 10.5-инчен дисплеј, како и Snapdragon 855 чипсет, а повеќе информации се очекуваат во наредните денови.