Се појави првото промотивно видео за Samsung Galaxy S20 FE 5G. Протеченото видео изгледа е дел од серијата што се фокусира на камерите и батеријата на уредот.

Главните карактеристики на телефонот се 30x Space Zoom, Single Take AI и Night mode. Проширливиот простор за складирање нуди дополнителен простор за сместување на сите фотографии и видеа што ќе се креираат со камерата на овој уред.

Кога е во прашање батеријата, 4500mAh ќелијата е опишана како брза за полнење и долготрајна, но видеото не нуди повеќе детали од тоа.

Во меѓувреме, дојавувачот @evleaks објави официјални рендери на заштитните маски за Galaxy S20 FE (4G i 5G). Една од нив има интегриран сталак, што смартфонот го држи во различни положби и под различни агли.

Тука е и S-View Flip Cover, кој има мал прозорец за секогаш вклучениот дисплеј, за да се прикажуваат релевантни информации и известувања.

 

Samsung Galaxy S20 FE прикажан на нови фотографии