Huawei го објави EMUI 11 корисничкиот интерфејс во текот на својот Developer Conference настан, а иако не е заснован на Android 11, новиот интерфејс со себе донесува бројни визуелни измени, нови анимации, функции и оптимизации.
Една од најголемите измени во рамките на новиот EMUI се multi-window и split-screen функциите. Двете функции сега се прикажуваат во центарот на интерфејсот за корисниците подобро да се запознаат со нив. Тука сега е и соодветната гестикулација која го повикува Smart Multi-Window менито од страна, а може да се стартува во било која апликација или мени.
Секогаш вклучениот екран добива неколку нови опции на прилагодување. Тука се новите стилови, па дури и анимираните always-on дисплеи. Изборот на фотографии од галеријата е исто така опција, а системот ќе ка конвертира во соодветна палета на бои.
Анимациите во текот на навигацијата низ менијата се оптимизирани за дисплеи со висока стапка на освежување. Huawei, со помош на податоците ги оптимизирал анимации за тие да изгледаат пофлуидно и побрзо.
Multi-screen collaboration 3.0 сега е дел од EMUI 11, а овозможува контрола до три Android апликации со PC, откако ќе се синхронизираат Huawei телефонот и MateBook лаптопот.
Тука се и другите подобрувања за системските апликации и начинот на кој системот управува со дозволите за апликациите.
Поврзани артикли