Instagram веќе долго е место каде што луѓето бараат инспирација кога се работи за модата, но сега е олеснето купувањето на облека и обувки какви што сакате.

Компанијата најави нови алатки за е-трговија, вклучувајќи и можност за купување предмети преку страниците Stories и Explore, објави CNN.

Instagram уште од јуни ја тестира алатката за купување преку Stories, но дури во понеделник официјално ќе заживее. Брендовите ќе имаат можност на Instagram постовите да додаваат по една налепница на своите производи, од страницата Stories, а корисниците ќе имаат увид во повеќе информации за производот, а помеѓу останатото и цената.

На страницата Explore содржината ќе ви биде препорачана, како нова алатка за купување која ќе ви ја прикажува понудата на брендовите кои ги следите или би можеле да бидете заинтересирани за нив.